(Фото+видео) Голема бура во Скопје: Паднати дрвја, откорнати лимени кровови и штети низ цел град
Големо невреме го зафати Скопје, а последиците се откорнати дрвја низ цел град, одлетани кровови и оштетени автомобили.
Невремето однесе и повеќе кровови во Центар, Аеродром и Карпош, како и низ цело Скопје, а без хров остана и Хемиското училиште. Фотографиите кои ги испратија нашите читатели можете да ги погледнете во продолжение.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), силното невреме беше очекувано во попладневните часови. Поради тоа, Кризниот штаб на Град Скопје одржал состанок, а службите се целосно мобилизирани и присутни на терен за навремена интервенција доколку има потреба.
Доколку невремето се прошири и во другите делови на градот, се препорачува граѓаните да бидат внимателни во сообраќајот и да ги следат информациите од надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото+видео) Голема бура во Скопје: Паднати дрвја,…
Големо невреме го зафати Скопје, а последиците…
(Фото) ВНИМАВАЈТЕ! Паднати гранки од дрвја низ…
Невреме предмалку го зафати Скопје. Како што…
Градските власти во Скопје започнаа со подготовки…
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ –…
Пукнала голема цевка кај ОХИС, голем дел…
Неколку големи скопски населби, како и села…
Пукна главна цевка: Пинтија, Усје, Долно Лисиче,…
Повеќе скопски населби и неколку општини денеска…