Објавено на:

Пукнала голема цевка кај ОХИС, голем дел од Скопје е без вода

t

Неколку големи скопски населби, како и села во околината на главниот град вечерва немаат вода во домовите поради голем дефект, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Дефектот, според соопштението, се случил на голема водоводна цевка во населбата Кисела Вода, кај поранешната фабрика ОХИС.

„Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ бб (лоциран точно пред главниот влез на поранешната фабрика ОХИС), водоснабдувањето е прекинато од 18:30 часот. Без вода во моментов се корисниците од следните населени места: Пинтија и Усје, Долно Лисиче и Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Екипите на јавното претпријатие се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на состојбата се очекува по неговото целосно санирање во текот на ноќта“, велат од јавното претпријатие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…