(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш: Ќе одат ли курбан „Фени“ , „Телеком“ и „Комерцијална банка“ – „борбата против бугаризација“ се претвори во фарса

t

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“ и зошто се среќаваш со бугарски криминалци и мафијаши и што договараш со нив?)

Многу е јасно каде оди Мицкоски. Пред македонската јавност се прави најголем светец, најголем патриот, а пред странците, што за власт, што во име на бизнис и пари се одрекува од Македонија како Свети Петар од Исус и верата.

Многупати слушнавме како високи функционери на СДСМ зборуваат за тоа како Мицкоски им ветувал на странците и амбасадорите на западните земји во државава дека ќе ги внесе Бугарите во Уставот, впрочем последна беше и потрврдата од германскиот пратеник Бајер кој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да ги внесе Бугарите во Уставот, но не сега, туку после избори. Ова е можеби друга тема, но треба да се спомене за да се поврдат сите точки од приказната за која пишуваме во продолжение.

Инфомакс претходно објави ексклузивни документи за роднини и блиски пријатели на Мицкоски, како и за високи функционери на партијата кои имаат фирми во Бугарија, а на дел од нив истите не им се пријавени ниту во анкетниот лист доставен во ДКСК (а ДКСК секако не реагираше на ова, барем не до денешен ден). Објавивме ексклузивни документи за Игор Јанушев, порашенен директор на ЈСП, поренешен генерален-секретар на партијата, актуелен пратеник кој има фирма во Бугарија. Објавивме и документи за баџанакот на Мицкоски и неговата фирма „ДАНО ТРАНС“ која има огромни профити во Бугарија, исто така и за адвокатот Менкиноски кој се претставува како најголем заштитник на Македонците во Пиринска Македонија.

И ако порано Мицкоски можеби се криел од македонската јавност дека има контакти со бугарски бизнисмени, според бугарските медиуми и мафијаши, дел од нив поврзани и со контроверзни настани во Македонија, Мицкоски сега почна и јавно да објавува слики од тие средби. Можеби мисли дека македонскиот народ не знае со кој се среќава? Ајде да видиме.

Христијан Мицкоски вчера, заедно со Драган Ковачки кој еносител на пратеничката листа на партијата во ИЕ 3, се сретна со бугарскиот бизнисмен Николај Волканов (или Влканов, како и да се транскрибира тоа презиме од бугарски). Фотографии од средбата се објавени на Фејсбук страната на Драган Ковачки.

Кој е Николај Волканов (буг. Николай Вълканов)?

Волканов е бугарски бизнисмен, член на бордот на директори на „Мултигруп“, компанија позната во бугарската, а и во македонската јавност по низата мафијашки дејанија на нејзините основачи и директори. Компанијата се поврзува и со атентатот на македонскиот претседател Киро Глигоров, но за тоа малку подоцна.

Волканов има десетици компании во Бугарија, очигледно веќе е навлезен и во Македонија, а Мицкоски можеби му подготвува и свечен пречек во некои македонски гиганти?

Мултигрип е позната, меѓу другото и по атентатот на нејзиниот основач, Илија Павлов, кој е убиен во 2003 година. Во ноември 2002 година, полскиот магазин „Впрост“ го процени неговото богатство на 1,5 милијарди долари, но по само неколку месеци тој беше застрелан од снајпер пред канцеларијата на „Мултигруп“. Не мора да истражувате повеќе, кога на Википенија ќе ја отворите страницата за Павлов, во првата реченица пишува „Илија Павлов е бугарски мафијаш, спортист, бизнисмен, масон“….

Подоцна, во 2010 година, убиена е и сестрата на Павлов и нејзиниот осумгодишен син, во САД.

– Бугарката Славка Најденова (41), сестра на бугарскиот тајкун Илија Павлов убиен во 2003 г., и нејзиниот осумгодишен син, Пол Вилсон, се убиени во нивниот дом во Дејл Сити во САД, пишуваа светските медиуми.

Волканов му бил десна рака на Павлов и наследник на неговиот бизнис, бугарските медиуми пишуваат за доста контроверзи со него и за неговата многу блиска воска со актуелниот бугарски претседател, Румен Радев, неколку пати повикуван на распит во софиското обвинителство и поврзуван со криминали со високи бугарски функционери, но секако секојпат се извлекувал.

Мултигруп се поврзува и со атентатот на Киро Глигоров

Атентатори од српско-руското подземје, југословенската служба „КОС“ или можеби лица од бугарската фирма „Мултигруп“, лица од „Братиславската врска“, домашни служби. Ова се најчестите можни виновници кои се посочуваат за обидот за убиство на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, кој на денешен ден преживеа експлозија од бомба скриена под автомобил под сѐ уште неразјаснети околности.

Бомбата била поставена во „цитроен АМИ-8“ на улицата Македонија кај хотелот Бристол во Скопје, покрај кој минувал службениот „мерцедес С-500“ со кој Глигоров од претседателската резиденција одел на работа во Собранието. Пред Ситроенот возело „фиќо“, кое му го забавило патот на автомобилот токму во моментот кога експлодирала бомбата, за кое се уште не е јасно кој го возел и зошто. Било изутрина, 9 часот и 50 минути, 1995 година.

Бизнис-релација Мицкоски-Волканов?

Пуленот на Мицкоски, Марјан Ѓорчев, кој сега треба да биде идеолог на партијата, советник и стратешки партнер на Христијан Мицкоски (согласно сите податоци објавени на веб-сатјот на ВМРО-ДПМНЕ) заговара продажба на македонски фирми на бугарски бизнисмени и случајно го спомнува и Николај Волканов.

– Зошто ние згрешивме со Бугарија? Зошто Заев и Димитров згрешија? Едно е да терате политика, јас бев во Софија. Друго е да направите економски подем. Да влезе во Комерцијална банка имаше проект да влезе одредени бугарски акционери. Да влезе Волканов во Фени. Да влезат во Телеком одредени бугарски компании. Токму тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ кога практикуваше власт од 1998 до 2002 кога го отворивме пазарот на инвестиции во Македонија и влегоа големи комапнии во нашата држава. Тоа за жал не се реализираше, не знам од кој причини, вели Ѓорчев кој е и поранешен амбасадор на Република Македонија во Бугарија.

Оттука легитимно се поставува прашањето. Договара ли Мицкоски да ги даде „курбан“ македонските компании, меѓу кои и Фени на Волкановски, или на други бугарски бизнисмени доколку некогаш стане премиер? Дали за тоа ќе има и сопствен ќар и ќе се наполни и неговиот џеб и дали тоа ќе биде дел од пазарењето за уставните измени во Македонија?

Ќе биде ли Мицкоски (доколку некогаш стане премиер) полоша верзија на Бранко Црвенковски, па наместо на македонски олигарски, ќе ги раздава македонските компании на бугарски мафијаши како Волканов и неговата екипа од Мултигруп?

Се огласи и поранешниот премиер Георгиевски

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, се огласи на Фејсбук во врска со средбата Волкановски – Мицкоски – Ковачки и напиша:

– Додека Перев и „Коридор 8“ повикуваат на бојкот на изборите на македонските Бугари, Валканов од Мултигруп во активна кампанја за ДПМНЕ.

И уште еднаш, „Каде одиш Мицкоски“ и зошто се среќаваш со бугарски криминалци и мафијаши и што договараш со нив?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И во Бугарија како кај нас: Претставничката…

Бугарскиот премиер Димитар Главчев испрати писмо до…

За влакно избегната катастрофа: Два воза се…

Два воза директно се судриле во Софија…

Германскиот град Кобург ги испрати посмртните останки…

Бугарскиот цар Фердинанд I по 76 години…

Приведен домар во бугарско училиште оти ги…

Бугарските медиуми информираат дека „за антибугарски скандирања…

Бугарија на никаков начин нема да учествува…

Бугарија на никаков начин нема да учествува…