Објавено на:

(Фото+Видео) Нови детали за нападот во Њујорк: Осомничениот е црнец кој носел гас маска и портокалов елек!

t

Неколку луѓе се застрелани за време на шпицот на сообраќајот во Бруклин, според полицискиот оддел на Њујорк. Наводно се пронајдени и сомнителни направи за кои се претпоставува дека се експлозивни.

Најмалку пет лица се застрелани на метро станицата 36-та улица во Сансет Парк за време на шпицот во Бруклин во вторникот наутро, објавија локалните медиуми и извори од органите на редот. Четири жртви биле пронајдени на улицата 36 и една на улицата 25.

Најмалку четири сомнителни направи, наводно, биле пронајдени и на станицата 36-та улица.

Осомничениот, наводно, е црнец, висок приближно 165 сантиметри и тежок околу90 килограми. Тој бил облечен во портокалов градежен елек и носел гас-маска. Извештаите покажуваат дека тој фрлил „уред“ и почнал да пука на станицата Сансет Парк. Друг извештај посочуваат на двајца стрелци. Осомничените се уште не се уапсени.

Првите екипи се на лице место, а струјата на линиите на подземната железница што минуваат низ улицата 36 е исклучена додека полицијата трага по осомничените.

„Целата железничка станица беше исполнета со чад“, изјави еден сведок за Готамист, додавајќи дека „насекаде имаше крв. Сите едноставно снемуваат затоа што мислеа дека се следните“, велат сведоците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск со критика кон Фараж: Треба нов…

Технолошкиот могул Илон Маск сподели мислење на…

Српската влада формира преговарачки тимови за снабдување…

Владата на Србија на денешната седница формираше…

Хезболах: Израелските прекршувања на примирјето ќе нè…

Генералниот секретар на либанскиот Хезболах, Наим Касем,…

Руската војска тврди дека Украина започнала контраофанзива…

Руската војска денеска соопшти дека Украина започнала…

Градоначалникот на Цетиње бара оставки од врвот…

Градоначалникот на Цетиње Никола Ѓурашковиќ иницира одржување…