(Фото+Видео) Што се случувало на концертот на Војаж вчера во Охрид ?

t

Никаков инцидент не се случил на вчерашниот концерт на Војаж во Охрид, велат од СВР Охрид за Инфомакс, откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации за наводни инциденти и обид за убиство за време на настапот.

– Нема никаква интервенција од страна на полицијата, не е вистина она што се шири на социјалните мрежи. Брзата помош има две интервенции за лица во алкохолизирана состојба, а во МВР не бил пријавен ниту бил евидентиран било каков инцидент или обид за убиство, велат од СВР Охрид.

Претходно на социјалните мрежи и во балканските медиуми се појавија информации за наводен обид за убиство, поради кој бил прекинат концертот.

Се огласи и музичарот кој напиша:

-Поради интервенција на полицијата бев принуден да го прекинам настапот во Охрид. Поради преголемата посетеност и безбедносната проценка на државните органи, интервентната единица реагираше и го прекина настапот и ме симна од сцената – напиша Војаж, а потоа додаде:

– Охрид, ти бевте одлични! Многу ми е жал што настапот беше прекинат, бидејќи енергијата беше неверојатна, но не можеме да одиме против одлуките на државните органи. Се надевам дека наскоро ќе успееме да го надоместиме ова и да направиме уште поголем спектакл. Војаж ве сака и ви благодарам на разбирањето – рече младиот трапер.

Јавноста и медиумите мора да внимаваат на вестите кои се споделуваат, особено на сензитивна содржина која предизвикува страв, паника и нетрпение меѓу граѓаните. Ги охрабруваме МВР и сите надлежни институции да ги пронајдат лицата кои шират лажни и непроверени информации и соодветно да ги санкционираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…