(Фото) Арсовска: Исчистена уште една депонија, Град Скопје интензивно работи на превенција на зaгадување на воздухот, почвата и водите

Службите на Град Скопје денеска завршија со чистење и целосно е исчистена дивата депонија кај кејот на реката Вардар во општина Гази Баба, која зафаќаше површина од над 13.000 метри квадратни. Собрани се над 4.000 кубни метри комунален отпад и градежен шут кој секојдневно придонесуваше кон загадување на животната средина и го загрозуваше здравјето на жителите од оваа општина.
Градот Скопје интензивно работи на чистење на депонии во населбата Лисиче, Ново Село во општина Ѓорче Петров, како и целосно чистење на дива депонија во населено место Брњарци, општина Гази Баба.
Чистење на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција на загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Ги охрабруваме граѓаните да се вклучат во оваа акција на Градот, со тоа што ќе пријавуваат диви депонии, но пред се, да бидеме совесни граѓани кои се однесуваат еколошки одговорно и се грижат за својот град и животната средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…