(Фото) Ветрот откорна дрво во Ѓорче Петров
Силниот ветер кој се чувствува во поголемиот дел од Скопје откорна дрво во Ѓорче Петров. Времето денеска беше топло до попладне, кога нагло се смени времето, а во делови од државата, веќе има силно невреме.

Претходно, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западното и источното подрачје од земјава.
Според информациите од УХМР, нестабилното време веќе зафати неколку региони.
„Нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер западно од Струга!“, соопштија од УХМР.
Покрај струшкиот регион, невреме е забележано и во источниот дел од државата, каде што има и можност за појава на суградица.
„Нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на суградица има јужно од Берово!“, информираат од Управата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ветрот откорна дрво во Ѓорче Петров
Силниот ветер кој се чувствува во поголемиот…
ДВ: Бројни повици за угинати птици, АХВ…
По алармот за западнонилска треска, Агенцијата за храна…
Нема да има референдум за независност на…
Лидерот на сепаратистичката партија на Квебек, Пол…
Зеленски предложи нови министри за одбрана и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски достави до Врховната…
Најмалку 50 лица се повредени во експлозија…
Најмалку 50 лица се повредени во експлозија…