(Фото) Втор во Кавадарци: Автомобил се преврте по удар во други две паркирани

t

Патничко моторно возило се превртело синоќа по удар во две паркирани возила во Кавадарци. Оваа информација ја потврдија утрово за МИА од СВР Велес.

– Синоќа во 22.50 часот случена е сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка Ауди со кавадаречки регистарски ознаки сопственост и управуван од Т.О (25) од Кавадарци, удрил во две паркирани возила. Т.О е пренесен во ЈЗУ ОБ Кавадарци каде му се констатирани телесни повреди, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Станува збор за второ возило кое се превртело синоќа во Кавадарци, откако претходно, вчера попладне, првото се преврте во централното градско подрачје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПЧЕЛАРИТЕ ДА ГИ ЗАШТИТАТ ПЧЕЛИТЕ: Вo петок…

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во…

Видео: ЗОШТО ВИ ПРЕЧИ ПРИСУСТВОТО НА БУЈАР…

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати…

Во Србија изработен просторен план за гасна…

Во Србија е изработен и ставен на…

Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински…

Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис…