Објавено на:

Хорор во Драчево: Татко претепал ќерка додека играла со сестрите

t

Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување – Телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. Додека мајката на детето приготвувала јадење, тоа си играло со нејзините две сестри. Во еден момент девојчето се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките, поради што осомничениот започнал да ја навредува и да ја удира со шлаканици по лицето, нанесувајќи и телесни повреди – набиеница на главата и огреботини на кожата на лицето. Продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие.

Имајќи предвид дека согласно вербалните искази при пријавата на настанот, осомничениот подолго време манифестирал агресивно однесување во семејството, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на насилството со несомнени последици врз нормалниот психофизички развој и воспитувањето на децата. Исто така, доколку биде пуштен да се брани од слобода, постои опасност од бегство, со цел да ја избегне кривичната одговорност за стореното кривично дело. Од тие причини Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен…

Маж на засега неутврдена возраст денеска е…

Расте загриженоста во Иркутск: Откажана традиционалната градска…

Градските власти во Иркутск, Сибир, ја откажаа…

Трамп потврди: Имаше закана за американските бомбардери…

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека американските…

Сиљановска-Давкова: ЕУ вели дека нема проблем со…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Македонија презела…

Арагчи: Иран ќе ги искористи сите дипломатски…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…