(Фото) Дали Арафат Муареми рекетирал фирми со “анонимни” пријави кои самиот ги пуштал?!

t

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред неколку дена изврши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.

Инфомакс дознава дека причината за претресот е кривична пријава до ОЈО – ГОК против Муареми во која се бара да се одземат сите деловни книги и списи на Управата за финансиска полиција означени со „АНОНИМКА“.

Во пријавата се бара да се утврди што е превземено по пријавите и дали е известен обвинител за исходот на постапките.

Под утврдување се подразбира потврда дека за сите предмети во кои Финансова полиција констатирала дека е известен јавен обвинител по налог на обвинител постапките навистина биле затворени.

При претресот во Финасова, Обвинителството истражува дали за овие затворени предмети oд управата има заведено известување во деловните книги на обвинителството и дали навистина Финансовата полиција се обратила и поабарала од обвинителството мислење за предметите.

Во кривичната пријава сепак се говори за два конкретни предмети и анонимни дојави за правното лице БАУР БГ при што се бара да се утврди дали Финансова полиција во време кога со неа управувал Арафат Муреми добила анонимна пријава „АНОНИМКА“ за компанијата.

Се бара обвинителството за БАУР БГ да утврди дали Муареми и институцијата со која раководи превземала било какви мерки и дали управителот на БАУР БГ кој е во притвор бил споменат во таа анонимна пријава.

Ако не превземала се бара одговор зошто имајќи во предвид дека тоа е законска обврска за Муареми кој по службена должност морал да постапи.

Во пријавата се говори за уште едно правно лице, Макпетрол ТЕАС и за анонимна пријава притоа напоменувајќи да се побара одговор од Финансова полиција и Муареми, што е превземено, констатирано и дали е консултуран обвинител.

Во суштина Муареми со оваа кривична пријава се товари дека ја попречувал правдата, не постапувајќи по анонимни дојави за финансиски криминал на крупни бизнис ѕверки.

Дали обвинителството ќе утврди намерни пропусти во работата на Муареми останува да видиме во текот на постапката. Нема одговор ниту на прашањето доколку се докаже вина на Муареми во случајот која била причината за прикривање на криминалот, пари или тргување со влијание.

Пишува: А. Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро обвинение за убиството на Вања и…

Поголемиот дел делчиња од мозаикот за убиството…

(Видео) Таравари: Доколку МАНУ не внесе Албанци…

МАНУ е друштво во коешто примаат само…

ЕУ ја продолжи трговската поддршка за Украина…

Советот на ЕУ конечно го одобри продолжувањето…

Апелација го врати случајот за пожарот во…

Се враќа на повторно судење дел од…

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога…

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде…