(Фото) Запалиле контејнери, а пожарот се проширил и на фасадата на медицинското училиште во Битола

t

Вандали запалиле контејнери, а пожарот ја опфатил фасадата на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, соопштија од училиштето.

„Додека повеќето одмараа за празниците, а учениците не одеа на школо, истовремено горела фасадата на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, откако претходно биле запалени контејнери сместени во училишниот двор. Ја известуваме јавноста дека за време на празничните неработни денови, поточно на 11.4 во 1 часот и 30 минути по полноќ беше извршен вандалски чин со палење на контејнерите во дворот на училиштето, при што пожарот се прошири и предизвика оштетување на фасадата на задниот дел на објектот“, се наведува во соопштението.

Од таму посочуваат дека навремената интервенција на службите спречила пожарот да направи поголеми штети.

„Благодарение на навремената интервенција на надлежните служби од противпожарната единица и Министерството за внатрешни работи, пожарот беше локализиран и спречени се поголеми последици. Случајот е пријавен и во тек е постапка за откривање и санкционирање на сторителите. Остро го осудуваме овој чин на уништување на јавен имот и апелираме до надлежните институции за брза и ефикасна разрешница. Училиштето ќе ги преземе сите потребни мерки за целосна санација на штетата и дополнително зајакнување на безбедноста“, велат од училиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Запалиле контејнери, а пожарот се проширил…

Вандали запалиле контејнери, а пожарот ја опфатил…

(Видео) Нов фушерај во Битола: Се бришат…

Во Битола се одбележуваат пешачки премини на…

(Видео) Директорот на „Македонски шуми“ потврди: Има…

Вчерашната трибина на министерот за земјоделие, Цветан…

Судот одлучи: Притвор за битолчанецот вработен во…

Основниот суд Битола го прифати предлогот за…

МОН: Не се затвора средното земјоделско во…

МОН ги демантира натписите во медиумите кои…