(Фото) За некои луѓе нema зима: Додека вие мислите како ќе ги платите сметките за струја, лани најбогатите луѓе станаа уште побогати

Светскиот извештај за нееднаквост за минатата година покажа зголемување на класните разлики, односно трендот кога богатите стануваат уште по богати а сиромашните уште по сиромашни не само што се задржува како пракса, туку и во време на пандемија негува развој кој продолжува да го стега јазот помеѓу богатите и сиромашните.
Извештајот содржи повеќе заклучоци, најмногу внимание привлекоа податоците:
– Најбогатата група луѓе во светот (520.000) забележа зголемување на своето богатство за време на пандемијата и сега поседува 11% од глобалното богатство;
– Светскиот извештај за нееднаквост за минатата година покажа дека промената во онлајн економијата во голема мера им користела на богатите;
– Во моментот кога концентрацијата на богатството го достигнала врвот, нови 100 милиони луѓе паднале во зоната на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија;
– Фактот дека додека половина од севкупното население поседува само 2% од богатството во светот, додека првите 10% поседуваат 76% од глобалното богатство, пишува Антропол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) За некои луѓе нema зима: Додека…
Светскиот извештај за нееднаквост за минатата година…