(Фото) Мицкоски на средбата со Петков дојде со маска со македонското знаме

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се сретна со премиерот на Република Бугарија, кој денес е во официјална посета на Македонија. Мицкоски на средбата пристигна со маска со знамето на Република Македонија.

Петков, исто така се сретна и со премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски, претседателот на земјата, Стево Пендаровски, претседателот на собранието, Талат Џафери, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.

Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…