(Фото) Мицкоски на средбата со Петков дојде со маска со македонското знаме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се сретна со премиерот на Република Бугарија, кој денес е во официјална посета на Македонија. Мицкоски на средбата пристигна со маска со знамето на Република Македонија.
Петков, исто така се сретна и со премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски, претседателот на земјата, Стево Пендаровски, претседателот на собранието, Талат Џафери, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.
Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски остави простор за промена на Уставот:…
Се потврдија наводите на високи претставници на…
(Видео) Мицкоски нема да формира влада по…
Дури и да победи ВМРО-ДПМНЕ на следните…
Шокантна информација од Груби: Работиме на тоа…
Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа…
Маричиќ ја кани опозицијата да учествува во…
„Во наредните денови ќе објавиме кои имиња…
Не ги вработувале од партија, затоа младите…
Во Франција деновиве има големи протести поради…