(Фото) Наградно прашање – Во која држава се наоѓа Гостивар?: Во гостиварската болница известувањата напишани само на албански јазик, македонскиот, ако воопшто го има, е во втор план

Вријат социјалните мрежи откако се појавија фотографии од известувања во болницата во Гостивар.

Како што може да се види на фотографиите, известувањата се напишани исклучиво на албански јазик, а на оние што се напишани и на македонски, тој е во втор план, под албанскиот. Со ваквото постапување, на граѓаните кои не го познаваат албанскиот јазик им се ускратува правото да се информираат на службениот јазик на Република Македпнија, македонскиот јазик.

Се поставува прашањето во која држава се наоѓа Гостивар, зошто не се почитува Законот за употреба на јазиците, и зошто досега никој од надлежните служби не реагирал, ниту интервенирал поради ваквите провокации со кои се дискриминира населението и крши законот?
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Омилената докторка на повредените е нова директорка…
Д-р Катерина Паниќ – Мирчовска е нова…
Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…
МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…
Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…
Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…
Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…
Девојче на возраст од девет години од…
Наместо во благајна, парите завршиле во џеб:…
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…