(Фото) НБРМ предупредува: Лажни банкноти од по 2000 денари се пуштени во оптег

t

Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи за преземање активности во негова надлежност. Со цел да ги заштити граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на кој може лесно да се провери дали станува збор за фалсификат, соопшти НБРМ.

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност, информира НБРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во понеделник ќе се одлучува за замрзнување…

Задутре ќе се одлучува дали ќе се…

Од полноќ поевтинуваат горивата

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва…

Ковачевски: Трговците да го почитуваат намалувањето на…

Денеска можевме да се увериме дека намалувањето…

Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…

Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…

До петок ќе завршат анализите за цените…

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува до…