(Фото) Некој удрил срна со кола и ја оставил на патот меѓу Кичево и Демир Хисар, итно се бара помош
Активисти итно бараат помош за срна која е повредена на патот меѓу Кичево и Демир Хисар, кај селото Цер, кое е на границата меѓу двете општини. Според објавата во една групите за заштита на животните, срната е неподвижна и тешко повредена откако ја удрило возило чијшто возач продолжил и го оставил повреденото животно во тешка состојба.
Активистка објави фотографии од срната, која лежи на коловозот во локва крв.

На патот, кој ги поврзува Демир Хисар и Кичево преку Сопотница, обично нема многу сообраќај, а тој е познат по тоа што на него често излегуваат и го претрчуваат диви животни. Активистите велат бараат помош од ветеринари од околните градови: Кичево, Прилеп и Битола, за да се обидат да ја спасат повредената срна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Некој удрил срна со кола и…
Активисти итно бараат помош за срна која…