(Фото) Нова акција на полцијата: Запленета дрога вредна 20 илјади евра

t

По наредба од судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, денеска извршија претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28) од Велес.

При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот.

Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

Н.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува во Вардар? Многу ветувања,…

Фудбалот е во центарот на вниманието ова…

Комеморативна седница по повод смртта на Стојан…

Со едноминутно молчење во Собранието денеска му…

КАДЕ ЛИ ЗАМИНАЛЕ? Се трага по 7…

Полицијата трага по седум лица од Непал…

УЕФА го избрка од ЕП косовскиот новинар…

Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше…

Крајно простачки: Играа Албанија и Хрватска, а…

Во натпревар со резултатски пресврти и четири…