(Фото) Патник фатен со куфер пари: На аеродромот во Скопје запленети 150.000 фунти

t

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани.

Како што информира Царинската управа, против него е поднесена соодветна прекршочна пријава.

-Континуирано спроведуваме активности насочени кон откривање и спречување на нелегалниот прекуграничен пренос на готовина, со што директно придонесуваме во борбата против финансискиот криминал, наведува Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Патник фатен со куфер пари: На…

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при…

Санчез: Шпанија не е сама, го браниме…

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повторно го изрази…

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран…

Европската комисија му одговори на Зеленски: Заканите…

Европската комисија упати остри критики до украинскиот…

Лондон се крена против војната со Иран

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Лондон…