Санчез: Шпанија не е сама, го браниме меѓународното право
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повторно го изрази противењето на војната и нагласи дека Шпанија е меѓу земјите што го бранат меѓународното право и човековите права, јави агенцијата „Анадолија“.
Говорејќи на предизборен митинг, Санчез ги отфрли критиките на опозициските партии дека ставот на Мадрид ја изолирал земјата.
„Можеби слушнавте дека Шпанија е сама. Истото го велеа и кога ја признавме државата Палестина, а потоа и други земји го следеа тој пример“, рече Санчез. Тој додаде дека Шпанија не е сама, туку е меѓу првите што се спротивставуваат на војната. Санчез ја осуди иранската власт поради репресијата врз општеството, но нагласи дека на незаконит чин не треба да се одговара со ново насилство, бидејќи „насилството раѓа уште насилство“. Тензиите се зголемија откако Шпанија ги осуди нападите врз Иран и одби да им дозволи на американските сили да користат шпански воени бази за тие операции, по што американскиот претседател Доналд Трамп се закани со целосно трговско ембарго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…