(Фото) Пат за никaде: Шилегов изгради мoст кој завршува во дневна соба

t

Се погласни се најавите дека екс градоначалникот Петре Шилегов ќе биде новиот министер за транспорт и врски по оставката на Заев во новата Влада предводена од Димитар Ковачевски.

Но какви се квалификациите на Шилегов за нов министер доколку како градоначалник изгради мост кој завршува буквално во дневна соба.


Се работи за мостот кој треба да го поврзе скопски Аеродром со населбата Керамидница.

Во неговата програма „За живот“ Шилегов ветува изградба на повеќе мостови од оние кои што ги изградиле Римјаните во Македонија.

Првиот мост кој Шилегов го ветува е поврзан со фамозните тунели под Кале со мост над реката Вардар. Покрај овој мост Шилегов вети изградба и на мост кон Ѓорѓе Петров со пробивање на булеварот Илинденска, но и мост Љубљанска на истоимениот булевар.

Сепак единсветниот мост кој Шилегов почна да го реализира е токму овој кој ги поврзува Аеродром и Керамидница, а во програмата од 2017 екс градоначалникот го најавува како пешачки мост.

-Одговараме на барањето за граѓаните на „Ќерамидница“, за нивно поврзување со Аеродром, преку реката Вардар. Градиме мост за пешаци и велосипедисти по највисоки стандарди. Овозможуваме дополнителна урбанизација на населбата и пристап до работните места и институциите во општината Аеродром. Се грижиме за рамномерна можност и за достапност на сите, стои во програмата.

И токму овој мост кој е единствениот кој Шилегов започна да го гради во својот мандат, кој беше најавен како пешачки, а стана сообраќаен е многу проблематичен поради ненавремено решавање на имотно правните односи на граѓаните.

Уште во 2019-та година стана јасно дека мостот ќе чини дупло повеќе односно оригиналната цена на чинење, поради промена на трасата од 8 милиони евра се зголеми на 16 милиони евра.

Причината за ова е експропријацијата на земјиштето после мостот кое е во приватна сопственост.

И самиот Шилегов призна дека се работи на експропријација на околу 180 објекти кои треба да ги исплати државата.

Проблемот со експропријацијата настанува поради ниската цена по квадрат која ја нуди Град Скопје на чело со Шилегов, цена која се движеше од 400 до 500 евра по квадрат имајќи во предвид дека во овој дел на градот цените на станбен објект се движат околу илјада евра по квадрат.

Мостот кој е речиси во завршна фаза во моментов не води никаде, односо води во дневните соби на луѓето кои живеат во овој дел на градот.

Мост АСНОМ од Аеродром кон Гази Баба, од 100тина има само 18 решени предмети за исплата на земјиште. 12 предмети се уште во постапка без согласност за цена, 25 предмети во подготовка, 11 предмети со повеќегодишни имотно правни спорови меѓу сопствениците, 44 имоти имаат постапки со барања за приватизација,16 имоти имаат утврдено корисничко право.

Проектот а е предвиден во ГУП од 1965 година, а досега за него никој во Градот ја немаше изготвено основната планска документација. Според Шилегов градбата на овој коридор со мост предвидено беше да биде завршена во рок не подолг од 24 месеци од почетокот на градежните работи.

-Планот на Градот Скопје е изградбата на овој проект да се заврши, поради што ќе се продолжи со разрешување на имотно-правните предмети и спорови со цел реализација на проектот. За жал, овој проект претходниот градоначалник го отпочнал без да има чиста состојба, односно нерешени се околу стотина имотно-правни предмети. Поради неодговорната работа на претходното раководство на градот, за изградба на овој мост, ќе бидат потребни повеќе години за негово поврзување, бидејќи почнал да се гради без обезбедено решение како би се завршил целиот проект – велат од кабинетот на Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекумерно се испушта вода од ХЕЦ Матка,…

Поради сериозниот недостиг на електрична енергија, Владата…

Поради мостот на Петре Шилегов, Вардар се…

Вардар се излеа од своето корито во…

Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…

Нема да добиете советници, а јас ќе…

Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…

Пpoблеми во СДСМ: Шилегов не се согласувал…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…