(Фото) Продолжува хибридната војна против „најуспешанта Влада на Мицкоски“: Украле голема биста од гробиштата Бутел, полицијата ги фати и ги фотографираше!
На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.

Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата.
Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Продолжува хибридната војна против „најуспешанта Влада…
На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски…
Османи: Првиот ден прогласувам кризна состојба за…
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи,…
Гаши ги негира тврдењата за тајна посета…
Кабинетот на претседателот на Парламентот, Африм Гаши,…
Цени на станови: Скопски Центар до 2.700…
Најскапиот стан продаден во државата во периодот…
Мицкоски: Заврши времето кога администрацијата беше политички…
Времето кога јавната администрација беше сведена на…