Мицкоски: Заврши времето кога администрацијата беше политички плен, следува департизација
Времето кога јавната администрација беше сведена на политички плен, кога владееја партизација, страв, реваншизам и клиентелизам, заврши, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан „Инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“.
Мицкоски ја обвини претходната влада дека оставила демотивирани службеници со нарушена доверба, кои со години чекале за соодветни системи за обука.
„Да се потсетиме каде бевме: неодамна, јавната администрација беше сведена на политички плен. Наместо развој – партизација. Наместо мотивација – страв и реваншизам. Наместо обука – клиентелизам. Тоа време заврши“, рече премиерот.
Тој вети дека администрацијата повеќе нема да биде партиски плен, туку ќе се трансформира во професионален и ефикасен сервис за граѓаните.
„Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор. Времето на Македонија е сега. Мора да ја извлечеме државата од мракот на партизацијата и да ја однесеме во светлината на европската иднина“, додаде Мицкос
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…