(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат од пратениците повисоки плати

t

Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство, како и од Канцеларијата на Народниот правобранител, во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска излегоа на протест пред Собранието, од каде ги повикаа пратениците од сите политички партии, пред кои веќе е предлог буџетот за следната година, да ги поддржат во нивните барања за покачување на платите.

Претседателката на Независниот синдикат на судската администрација, Јасмина Величкова, во изјава за медиумите го изрази своето незадоволство од пристапот на Владата, потенцирајќи дека изјавата на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, каде ги обвини судските службеници за одолговлекување на предметите, е навреда за судската администрација. 

Времетраењето на постапките не зависи од службениците, посочи Величкова, појаснувајќи дека од судијата зависи во кој рок ќе се достави писмена пресуда, покана или било каква друга доставница.

Тој ги повика пратениците да си ја вршат својата должност, а кога ќе го гласаат новиот буџет да застанат на страната на работниците.

-Доколку пратениците не почнат да си ја работат својата работа и доколку не застанат на страната на работниците кога ќе го гласаат новиот буџет, да знаат дека се ближат избори, а вработените памтат, рече Деаноски.

Независниот синдикат на државна администрација (НСДА), кој е грански синдикат во кој членуваат и други синдикати, од март бара враќање на додатоците на плата но, како што рече претседателот на НСДА, Горан Ристески, остварени се неколку средби со Судскиот совет, но оттаму ја префрлаат одговорноста кон Министерството за финансии и Министерството за правда. 

Ристески рече испратени биле неколку дописи до министерите за финансии и за правда, до претседателот на Влада, но дека ниту еднаш не биле повикани. 

Протестот продолжи пред Министерството за правда, а заврши пред Владата. Поддршка дадоа повеќе административни службеници од повеќе синдикати. Со транспаренти за барања за достоинствени плати протестираа вработените во судовите, обвинителствата, Фондот за здравстено осигурување, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Државниот завод за статистика, Секретаријатот за европски прашања, Државниот пазарен инспекторат, Управата за заштита на културното наследство, Агенцијата за филм, Комисијата за класифицирани информации, Комисијата за дискриминација…

Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти, износ за кој беа зголемени платите на избраните и именуваните лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…

Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…

Веќе 6 месеци  трае преписката на синдикатот…

(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба,…

Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот…

Жители на Финска протестираат поради затворањето на…

Граѓаните на Лапеенранта во Финска рекоа дека…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Голем број граѓани денеска со собраа на…