(Фото) Се санира главната улица во Сарај, еве што напиша Арсовска

Eкипи на Град Скопје и ЈП Улици и патишта ја санираат главната улица во општина Сарај и тоа поголемите оштетувања на коловозот на ул.20 во општина Сарај, односно од влезот кај мостот во Сарај до клучката за патот кон езерото Треска.
Покрај санацијата на оштетувањата на коловозот, интервенирано е и во однос на патната сигнализација којашто на неколку места била отстранета од непознати причини, а на истите места сега се поставени нови сообраќајни знаци за подобар сообраќаен проток и намалување на метежот на тој потег.
Екипите на Град Скопје и ЈП Улици и патишта се секојдневно на терен и секаде каде граѓаните пријавуваат проблем или потреба од било каква интервенција од доменот на патната инфраструктура каде има надлежност, се постапува навремено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касами ќе одвои 40.000 евра од општинскиот…
Општина Тетово ќе одвои 40.000 евра за…
СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…
Вулин: Се води хибридна војна против Србија…
Во моментов се води хибридна војна против…
Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…
Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…
За Васко Ковачевски не е побаран притвор,…
МВР сѐ уште не ги известило Кривичниот…