Француска и јапонска фирма сакаат да го градат Чебрен – Владата ќе размисли дали ќе биде партнер
Француската државна компанија за производство и продажба на електрична енергија „ЕДФ“ и уште една јапонска компанија се заинтересирани да го градат вечниот проект – реверзибилната хидроцентрала Чебрен.
Ова го потврди министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска одговарајќи на новинарско прашање во однос на планираниот рестарт на проектот Чебрен и Галиште, за кој премиерот Христијан Мицкоски најави дека разговарал со заинтересирани страни при посетите во Обединетите арапски емирати и на Светскиот економски форум во Давос.
Божиновска откри дека Владата се уште размислува и разгледува опции како да се финансира проектот иако лично се залага да го гради целосно државата наместо да се гради со јавно-приватно партнерство.
„Во следниот месец два ќе имаме повеќе информации, се работи за над 1 милијарда евра инвестиции. Ќе ги разгледаме можностите, знаете буџетот во каква кондиција е. Најдобро е да го градиме ние, но го знаете буџетот и делот за капитални инвестиции. Да, беше опција и со британскиот кредит да се гради, јас не се откажувам од идејата ние да го градиме самостојно, но ќе видиме каква е ситуацијата со буџетот, сепак немаме многу средства за капитални инвестиции. А овој проект ќе се гради од 7 до 10 години“, истакна Божиновска.
Министерката рече дека Владата ја контактирале јапонска фирма и француската ЕДФ кои сакаат да градат.
„На Влада сме разговарале како да се финансира, јас тоа го имам кажано, најдобро е да биде наш проект, но треба да одлучиме затоа што и другите министерства имаат проекти за реализација. Тој е најкапитален проект во земјата, но проекти има и во здравство и во транспорт инвестиции, треба да видиме што е најдобро и реално“, додаде таа.
Мицкоски претходно кажа дека во Давос биле понудени проектите Чебрен и Галиште и Бошков мост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француска и јапонска фирма сакаат да го…
Француската државна компанија за производство и продажба…
ССМ: Претставник на Владата не се појави…
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во 9…
Република Српска доби нова влада – Сaво…
На посебна седница на Народното собрание на…
Левица: Предизборна политичка манипулација – Владата на…
„Во екот на локалните избори, владата на…
Француската влада преживеа два обиди за гласање…
Владата на Франција денес преживеа два гласања…