Француската влада преживеа два обиди за гласање недоверба
Владата на Франција денес преживеа два гласања за недоверба, кои ги иницираа крајно левите и крајно десните партии, обвинувајќи ја дека не направила доволно за да го спречи трговскиот договор помеѓу Европската унија и Меркоурсо.
Предлогот што го поднесе десничарската партија Национално обединување го поддржаа 142 пратеници во Долниот дом на парламентот, а за негово усвојување беа потребни 288 гласови.
Претходно се гласаше за предлог за недоверба што го побара левичарската партија Непокорена Франција, но ни тој не помина, бидејќи го поддржаа 256 пратеници.
И покрај противењето на Франција, земјите-членки на ЕУ минатата недела го одобрија потпишувањето на договорот со Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај.
Француските земјоделци со месеци протестираат против договорот, за кој велат дека ги загрозува преку создавање на нелојална конкуренција поради евтиниот увоз на земјоделски производи од Јужна Америка.
„Внатре во земјата сте влада на вазали која служи на богатите, а надвор од земјата ја понижувате нашата нација пред Европската комисија и американската империја“, изјави пратеничката на Непокорена Франција, Матилда Пано.
Владата ја спасија пратениците од Социјалистичката партија и Републиканците, кои одбија да гласаат за недоверба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Во Франција е поништен законот со кој…
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали…
Дипломатски скандал ја тресе Франција – млади…
Франција покрена дисциплинска постапка против својот амбасадор…
Софи Адено ќе стане првата Французинка што…
Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…