Фудбалерите на Динамо Киев нема да му подале рака на Партизан поради Русија
Фудбалерите на украинскиот гигант Динамо Киев вечерва во полскиот град Лублин ќе го пречека белградски Партизан во склоп на 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите, меч кој е во фокусот на светската јавност поради – вмешувањето на политиката.
Тренерот на киевскиот тим, Олександар Шовковски, ги критикуваше црно-белите за тоа што летово настапија на турнир во Москва, главниот град на државата која го нападна неговиот народ. Тој на синоќешната прес-конференција изјави дека неговиот клуб не се одвојува од својот народ и дека заминувањето на Партизан во Русија е знак на солидарност со окупаторите и убијците на украинскиот народ. Поради тоа, неговите фудбалерите нема да се поздрават со противничките играчите пред натпреварот.
Шовковски целата своја голманска кариера ја мина во Динамо Киев, за кој одигра повеќе од 633 натпревари, од кои повеќе од половина (317) беа без примен гол. Четиринаесет пати ја освојуваше титулата во украинскиот шампионат и уште десет пати триумфира во купот, а тренер стана минатата сезона.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…