Функционерите на ВЛЕН оделе на протест против Рама – Нови детали за дипломатскиот скандал кој го предизвика Албанија!
Одлуката на албанските власти да спречат влезот на тројца функционери од Северна Македонија на Ќафасан предизвика политички реакции во Скопје, а со внимание се следи и во Тирана. Владиниот коалициски партнер Вреди (Влен) побара официјално објаснување од Албанија откако координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, биле задржани повеќе од еден час на граничниот премин „Ќафасан“.
Иако тројцата патувале со дипломатски пасоши, според нивните тврдења не добиле никакво објаснување за задржувањето, а неофицијално им било кажано дека постои забрана за влез. Во меѓувреме, ТВ21 и дел од албанските медиуми објавија дека инцидентот наводно е поврзан со сомневања дека функционерите требало да присуствуваат на протест во Албанија.
Според Вреди, нивните функционери биле задржани околу еден час без официјално образложение, иако сите поседувале дипломатски пасоши. Според соопштението, наводно им било кажано од страна на граничната полиција дека постои забрана за влез за тројцата функционери, но без да им биде доставена официјална одлука или документ.
„Влен бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка. Доколку е така, кој ја донел одлуката, врз која законска основа е донесена и кои се конкретните причини за таквата акција против избрани функционери и институционални претставници“, се наведува во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека меѓуалбанските односи треба да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не врз процедури што оставаат простор за сомневања и недоразбирања.
Според изјавите на функционерите, инцидентот се случил на граничниот премин „Ќафасан“ на македонско-албанската граница. По едночасовно чекање, албанските гранични службеници не дозволиле влез на едно лице кое патувало заедно со Ќоку, Азизи и Муртезани. По настанот, координаторот на Влен, Беким Ќоку, информираше дека не знае поради што дошло до ваквата ситуација, имајќи предвид дека сите приложиле дипломатски пасоши.
„Она што требаше да биде рутинска контрола од неколку минути траеше повеќе од еден час, без никакво објаснување. Во меѓувреме дознавме дека на едно лице од нашата група му е одбиен влез во Албанија, по што решивме да се вратиме назад“, вели Ќоку во објава на социјалните мрежи.
„Доколку причината е поврзана со фактот дека јавно ги поддржав неодамнешните протести во Албанија, тогаш тоа многу загрижува“, оценува Ќоку. Според него, казнувањето на граѓаните за изразување мислење или поддршка на мирни протести не е во согласност со стандардите на демократска држава и со основните загарантирани слободи.
За случајот известуваат албанските медиуми. Засега официјална реалција од албанските власти нема, но тамошните медиуми ја пренесуваат веста објавена на ТВ21 наведувајќи дека по извршените проверки, на тројца функционери им било дозволено да го продолжат патувањето, додека на четвртото лице кое ги придружувало му бил одбиен влезот.
Во знак на револт, делегацијата одлучила да се врати назад. Според нивните тврдења, подоцна добиле информација дека постои забрана за влез во Албанија.
Лидерот на пратеничката група на Демократската партија на Албанија, Газмент Барди на социјалните мрежи го осуди однесувањето на албанската полиција. „Ваквите постапки се неприфатливи и не се совпаѓаат со уставните обврски на Република Албанија да ги штити и почитува Албанците каде и да живеат и го нарушуваат духот на соработка и почитта“, вели тој.
Тој истакнува дека ниту една институција во Албанија нема право на понижувачки однос кон легитимни претставници на Албанците од Северна Македонија. „Барам полицијата веднаш да даде јавно и транспарентно објаснување за овој настан. Секоја акција направена против законот треба сериозно да се испита и секој одговорен човек треба да одговара, без двоумење. Албанија секогаш треба да биде држава која ги поздравува, почитува и штити Албанците, а не држава во која се чувствуваат навредени или попречени. Ова не е само правна работа, туку и национална морална обврска’, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Функционерите на ВЛЕН оделе на протест против…
Одлуката на албанските власти да спречат влезот…
МФ: Нови правила за подарувања со Законот…
– Задолжителна дозвола за организирање подарувања (giveaway),…
ДЗР со ревизија на АВРМ: Нерамномерна распределба…
За активните мерки за вработување во 2024…
Руте за нападите на Трамп врз НАТО:…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Полицајци и родители со „Соседски патроли“ во…
Во рамки на заедничките активности насочени кон…