ФФМ повика на поддршка и апелира на фер и коректно навивање против Бугарија

t

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации. Апелираме на воздржаност од неспортско навивање, користење пиротехнички средства, неспортски транспаренти, користење на ласери, насилно однесување и фрлање предмети на терен. Единствено со фер, спортско и коректно навивање покажуваме почит кон нашиот национален тим и почит за противникот.

Воедно, праќаме информација до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ дека влезовите на нашиот најголем стадион ќе бидат отворени од 18:45 часот до 20:30 часот.

Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација навреме да бидат на своите места на Националната арена“, велат во соопштението од федерацијата.

Дуелот меѓу Македонија и Бугарија се игра утре во 20:45 часот во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден тинејџер е уапсен во Виена:…

Уште еден млад човек (18) е уапсен…

Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…

Во новата учебна година се запишале 500…

Рељиќ и Ефтимов по настапот во Париз:…

Maкедонската таеквондистка Милјана Рељиќ деби настапот на Олимписките игри…

Гори во Македонски брод и Студеничани: Вчера…

Вчера, четврток, 08.08.2024 година, имаше вкупно 46…

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…