Уште еден тинејџер е уапсен во Виена: Бил дел од групата која организирала терористички напади на концертот на Тејлор Свифт?
Уште еден млад човек (18) е уапсен во врска со планираниот терористички напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена, пишува „Кронеб цајтунг“ врз основа на информации од судските кругови.
Обвиненијата се сè само не безопасни, а властите го истражуваат осомничениот за обид за масовно убиство.
Тинејџерот бил запознаен со плановите на уапсениот 19-годишен Беран А. од Тернице, во Долна Австрија.
Австриската полиција претходно го објави идентитетот на 19-годишникот кој е главен осомничен за планирање на нападот на концертот.
Родителите на Беран се по потекло од Македонија, а младиот човек, според австриските медиуми, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови“.
Тој веќе беше радикализиран, рекоа на конференција во Виена.
„Терористите требаше да нападнат вечерва или утре, со ножеви, мачети и автомобил. Конечно планирале да се разнесат. Биле во контакт со двајца помагачи, од кои едниот работел на обезбедување на концертот”, изјавиле вчера на конференцијата.
Во неговата куќа пронашле мачети, ножеви, детонатори, кабли за палење и 21.000 фалсификувани евра.
Под полициски надзор е и 17-годишник, за кого австриски „Кронеб цајтунг“ напиша дека има хрватски корени и дека се сомничи дека е еден од помагачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По неколку месеци бегство австриските служби го…
Македонски државјанин, кој неколку месеци бил во…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
Седум српски камионџии се повредени во експлозија…
Седум возачи на камиони од Србија биле…
Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски…
Европските градови и годинава доминираат на листата…