Халанд пропушта уште еден натпревар – деветти по ред

t

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола соопшти дека Ерлинг Халанд нема да биде во тимот ни на дербито против Њукасл што се игра утре вечер на Сент Џејмс Парк.

Тоа ќе биде вкупно деветти меч во низа што ќе го пропушти Норвежанецот, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува Сити. Неговиот последен меч е од 6 декември кога англискиот и европски шампион гостуваше кај Астон Вила и загуби со 0-1.

Оттогаш Халанд пропушти четири меча во Премиер лигата, два на Светското клупско првенство и по еден во Лигата на шампионите и ФА Купот. Неговото отсуство не се одрази врз резултатите бидејќи на досегашните осум меча, Сити оствари седум победи, а ремизираше само против Кристал Палас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…

Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…

Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…

Трамп му нареди на Министерството за правда…

Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…