Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два часа за поевтино гориво и храна во Македонија
Глобалниот ценовен шок предизвикан од војната во Иран денеска предизвика невообичаено голем проток на возила на граничниот премин „Ќафасан“. Според информациите и снимките кои ги објави „Еуроњуз Албанија“, илјадници граѓани од соседна Албанија чекаат во долги редици за да влезат во Македонија, со цел да купат нафта и основни прехранбени производи по значително пониски цени од оние во нивната земја.
Извештаите од терен говорат дека на граѓаните им биле потребни и над два часа за да ја поминат границата. Слична слика на масовен премин заради поевтини производи е забележана и на албанско-грчката граница кај Какавија.
Во меѓувреме, македонската Влада уверува дека ситуацијата е под контрола и дека енергетската стабилност на државата не е загрозена. За утре во Скопје е најавена вонредна владина седница на која, според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, ќе се донесе одлука за намалување на акцизите за горивата со цел да се спречи голем ценовен удар врз македонските граѓани.
Премиерот категорично ги отфрли шпекулациите за воведување рестрикции или ограничување на количината на гориво која може да се наточи.
„Во моментот немаме никакви индиции дека од аспект на волумен би имало потреба од ограничување, за разлика што тоа го направија некои земји – членки на Европската Унија. И не само што тоа не го правиме, туку и голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги танкираат резервоарите, односно своите возила“, изјави денеска Мицкоски.
На новинарско прашање дали постои можност Владата да воведе некои од препораките на Европската Унија за штедење енергенси, Мицкоски беше дециден:
„Имаме доволно количини, сега за сега нема никаква потреба.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два…
Глобалниот ценовен шок предизвикан од војната во…
Војната во Иран за трипати ги поскапе…
Војната во Иран веќе предизвикува потреси во…
Четири лица се уапсени во седум случаи…
Полицискиот билтен повторно бележи загрижувачки број на…
Скопјанка натепана од колега во установа во…
45-годишна скопјанка физички нападната од нејзин колега…
Шефот на германската дипломатија бара укинување на…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…