Хил: Го видов договорот со Србија и со него Русија сака да ја оправда војната во Украина

t

Сега никој не треба да потпишува ништо со Русија, затоа што, вели Хил, луѓето треба да разберат дека се работи за Русија и нејзиното однесување, која врши воени злосторства во Украина и ги надмина границите на она што е прифатливо за секого.

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека го видел планот за консултации потпишан од министрите за надворешни работи на Србија и Русија и дека во него нема ништо посебно, туку дека Русија сака да ја оправда војната во Украина.

Хил, во изјава за ФоНет, вели дека не знаеле што пишува во планот за консултации потпишан од министрите за надворешни работи на Србија и Русија на Генералното собрание на Обединетите нации, но знаеле дека потпишувањето договор со земја како Русија е невообичаено и затоа сакале појаснување.

„Го видов планот, нема ништо посебно“, појаснува Хил.

Според него прашањето е зошто Русија го сакала тоа и очигледно е дека планот бил да ја оправда својата војна во Украина.

„Однесувањето на Русија е осудено од сите во САД, во Индија, дури и Кина ги критикуваше, никој не ги поддржува во овој напор. Зошто би добиле потврда од некој за она што му го направија на својот сосед“, рече Хил.

Хил објасни дека објаснување побарале затоа што било чудно потпишувањето на договор со Русија и дека тоа не е пример за координирана кампања на притисок врз Србија од западот.

Амбасадорот го објасни неговиот став дека сега никој не треба да потпишува ништо со Русија, затоа што, како што рече, луѓето треба да разберат дека не се работи за Србија, туку за Русија и однесувањето на Русија, која врши воени злосторства во Украина и ги надмина границите на она што е прифатливо за секого.

„Прашањето е зошто да потпишете нешто со нив сега, Русија треба да се фокусира на излегување од Украина и да ги моли останатите за прошка“, рече Хил.

Хил, исто така, посочува дека Србија има право да ја води својата надворешна политика, но дека САД имаат право јасно да кажат што размислуваат за одредени одлуки и дека во овој случај Русија се однесува на страшен начин и никој не треба да стои на страна и да каже дека е во ред една земја да и прави такво нешто на друга.

Запрашан да коментира за тоа што Србија не ги признава референдумите во четири области во Украина контролирани од руските сили, Хил вели дека Србија е во право и не треба да ги признае тие референдуми, бидејќи тие не се спроведени како што треба и тоа се референдуми со закани врз луѓето со бајонети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата растат по најавата за…

Русија е втор најголем производител на сурова…

Вучиќ се пишмани: Одам во Тирана, ќе…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Никинац,…

Суспендирани двајцата затворски полицајци на кои им…

Дициплински мерки добија двајцата затворски полицајци на…

Само на Арачиново не: Ќе се исклучува…

ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања,…

Германската амбасадорка: Напредокот на Македонија кон ЕУ…

Напредокот на Македонија на патот кон Европската…