Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возел 168 километри на час на место каде дозволено било до 80

t

Вчера во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.

Од МВР информираа дека при извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето било евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

М.А. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…

Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…