ХОРОР во РК Бутел: Претепан македонски ракометар се бори за живот!

Ракометар на суперлигашот Бутел се бори за живот на скопските клиники и се наоѓа во тешка состојба откако рано изутрина бил донесен во болница со тешки телески повреди.
Според информациите на 24Ракомет станува збор за Д.Т. (27) кој настапува во скопскиот клуб, и кој рано изутрината бил примен во скопските клиники со тешки телесни повреди.
-Од клубот потврдуваат дека нивен ракометар се наоѓа во болница, и дека состојбата е тешка, но немаат информации што точно се случило. Од болнички извори за 24ракомет потврдуваат дека ракометарот бил примен со бројни повреди и неколку скршеници, кои најверојатно се од тепачка или со удирање од тврди предмети, и се наоѓа во тешка здравствена состојба и се бори за живот, пренесе 24Ракомет.
Од МВР засега нема информација, но се очекува расветлување на случајот како ракометарот ги добил повредите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Град Скопје ја поздравува одлуката на Костовски…
Денес на предлог на советничката група на…
Дарко Костовски го штити Лирим Дулови кој…
Дарко Костовски во улога на градоначалник на…
(Видео) Костовски бегаше од прашања и лепеше…
Дарко Костовски на денешната прес-конференција, видно изнервиран…
Дарко Костовски злоупотребува вработени во општина Бутел…
Дарко Костовски денеска за лични и партиски…
(Видео) Дарко Костовски го послуша советот на…
Дарко Костовски денеска го прифати советот на…