ХОРОР: Британец е обвинет дека ја дрогирал сопругата 13 години и носел мажи да ја силуваат
Сопруг и пет други мажи се обвинети за серија сериозни сексуални злосторства против неговата поранешна сопруга, кои наводно се случиле во период од 13 години во Западна Англија. Жртвата, 48-годишната Џоан Јанг, се откажала од правото на анонимност, пишува Би-би-си.
Нејзиниот поранешен сопруг, 49-годишниот Филип Јанг, кој порано живеел во Свиндон, а сега во Енфилд, се соочува со дури 56 точки на обвинението. Меѓу нив се и такви за кривичните дела: „силување“, „давање супстанции со намера за зашеметување со цел олеснување на сексуалната активност“, „воајеризам“ и „поседување несоодветни слики од деца и екстремен материјал“.
Станува збор за случај што потсетува на оној на Жизел Пелико, која била дрогирана и силувана од нејзиниот тогашен сопруг девет години, поканувајќи десетици мажи во нивниот заеднички дом во Прованса за да можат и тие да ја силуваат.
Сите шест мажи во „случајот Пеликот“ во Англија треба да се појават пред Крунскиот суд во Свиндон во вторник. Јанг е приведен во притвор, додека другите петмина се ослободени со кауција. Норман Максони (47) од Шарнбрук, опишан од полицијата како британски државјанин и црнец, е обвинет за силување и поседување екстремни слики.
Дин Хамилтон (47), без фиксна адреса, опишан како британски државјанин и бел, е обвинет за силување, сексуален напад со пенетрација и две обвиненија за сексуално допирање. Конер Сандерсон Дојл (31) од Свиндон, опишан како британски државјанин и бел, е обвинет за сексуален напад со пенетрација и сексуално допирање.
Ричард Вилкинс (61) од Свиндон, опишан од полицијата како Британец и бел, е обвинет за силување и сексуален напад. Мохамед Хасан (37) од Свиндон, опишан од полицијата како британски Азиец, е обвинет за сексуално допирање.
Детективскиот началник Џеф Смит од полицијата во Вилтшир го опиша покренувањето обвиненија како значаен чекор во она што тој го нарече „сложена и сеопфатна“ истрага. Тој, исто така, потврди дека г-ѓа Јанг е поддржана од специјално обучени полицајци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Британец е обвинет дека ја дрогирал…
Сопруг и пет други мажи се обвинети…
Хорор во Прилеп: Ја претепал и на…
Тежок инцидент ја вознемири јавноста во Прилеп.…
Притвор за 56-годишник од Битола осомничен за…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…
Кумановец силувал проститутка од Венецуела во Далмација
Окружното јавно обвинителство во Шибеник поднесе обвинение…
Притвор за малолетникот од Охрид кој силуваше…
Судот му определи 30-дневен притвор на 16-годишникот…