Хорор во Прилеп: Ја претепал и на сила ја пикнал во кола – 42-годишник обвинет за грабнување на малолетничка

t

Тежок инцидент ја вознемири јавноста во Прилеп. ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 42-годишниот М.У. од градот, кој се сомничи за сторено кривично дело „грабнување“.

Настанот, кој наликува на филмско сценарио, се случил пред еден месец, поточно на 19 ноември 2025 година, во прилепската населба Тризла.

Според полицискиот извештај, осомничениот ја пресретнал малолетничката на улица. Најпрво физички ја нападнал, а веднаш потоа, со употреба на сила, ја внел во неговото патничко возило, по што со голема брзина заминале од местото на настанот.

Полицијата го расчисти случајот и против насилникот е поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Извор: 4news.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира…

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во…

(Видео) Голем пожар во Прилеп, гори депонија…

Голем пожар попладнево изби во кругот на…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…