Објавено на:

ХОРОР ВО БРАЗИЛ: На инаугурацијата на Лула да Силва уапсен маж со експлозив

t

Маж со експлозивна направа и нож, кој се обидел да влезе на инаугурацијата на новиот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва, е приведен од страна на полицијата на сојузната престолнина Бразилија, пренесува во неделата агенцијата Reuters повикувајќи се на извори од воената полиција.

Според неименуваните соговорници на агенцијата, мажот кај кој била откриена експлозивната направа, се обидел да влезе во аспланадата, просторот пред претседателската резиденција Планалто во Бразилија на инаугурацијата на Лула да Силва.

Седумдесет иседимгодишниот левичар Лула да Силва со тесна разлика и наспроти предвидувањата во анкетите победи на вториот круг од претседателските избори што се одржа на 30-ти октомври. Во ноември највисоката судска изборна инстанца во Бразил го отфрли барањето на партијата на досегашниот конзервативен и крајно десничарски претседател Жаир Болсонаро за поништување на дел од гласањето на претседателските избори.

Со тоа беше потврден третиот претседателски мандат на Лула по пауза во која тој дури заврши во затвор по пресудата за корупција, но потоа сите обвиненија беа отфрлени. Во претходните години како претседател на Работничката партија од 2003 до 2010 година, синдикалниот лидер извлече милиони Бразилци од сиромаштија за време на бумот на пазарот на стоки што ја поттикна економијата. Сега тој е соочен со тежок предизвик да ја закрепне стагнантната економија и во исто време да ја обедини поделената земја што се толкува како политичко наследството на неговиот претходник Болсонаро.

Болсонаро го напушти Бразил во петокот и избегна да му ја предаде власта на својот ривал, чија победа допрва треба да биде признаена. Неговите поддржувачи протестираат веќе два месеца и тврдат дека изборите се украдени и бараат воен удар за да се спречи враќањето на Лула на чело на државата.

Во атмосфера на вандализам и насилство, приврзаник на Болсонаро беше уапсен затоа што поставил бомба во камион со керозин на влезот на аеродромот во Бразилија. Затоа, 10.000 полицајци и војници се распоредени во неделата во градот за инаугурацијата.

Пред да замине за Флорида во петокот, Болсонаро го осуди бомбашкиот напад како „терористички чин“, но ги пофали демонстрантите собрани пред касарните низ целата земја.

Според организаторите, на церемонијата на инаугурација на Лула допатуваа делегации од 50 земји и 19 шефови на држави и влади, меѓу кои и кралот на Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…

Нов Зеланд испрати два воени брода низ…

Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…

ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…

Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…