Објавено на:

Хорор во Бугарија: Мајка ја уби осумгодишната ќерка со нож

t

Самохрана мајка од пловдивското село Железно со нож ја убила својата 8-годишна ќерка, потврдија од бугарското МВР, јавува Бнтњуз.

Жената потоа се повредила и моментално е во критична состојба во болница. Од здравствената установа не даваат повеќе информации за нејзината состојба.

Од полицијата изјавија дека е поведена предистражна постапка, но од обвинителството појаснија дека случајот засега нема да се коментира.

Мештаните велат дека 31-годишната мајка Лили Халкалиева била исклучително грижлива за детето, таа дипломирала агрономија, но во последно време немала работа.

Сите во селото се во шок. Социјалните служби коментираат дека не добиле никакви сигнали дека семејството е во ризик и дека не било вклучено во нивните програми за поддршка, пишува Бнтњуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…

Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…

Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…

Македонија доби 149 милиони евра грант за…

Со денешното потпишување на договорот за инвестициски…

Купувале коли за цена на велосипед: Бугарија…

Бугарија, како и Холандија, се дел од…