Објавено на:

Хорор во Гостивар: Човек убиен во семејна расправија!

t

52-годишен жител на Гостивар починал откако бил избоден со нож во групна пресметка меѓу две закрвени семејства во центарот на градот, соопшти МВР.

Осомничениот убиец, според полицијата, е 55-годишен жител на селото Здуње, чие семејство било во лоши односи со семејството на загинатиот.

„На 30.07.2022 во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Б.И.(55), Х.И.(64), Ј.И.(20), М.Р.(34), Б.Е.(51), Ш.И.(25), М.С.(24) и Ј.С.(31), сите од гостиварско, затоа што околу 00.45 часот на бул.,,Браќа Ѓиноски” во Гостивар учествувале во физичка пресметка. Имено, по претходна расправија поради нерасчистени меѓусемејни односи помеѓу Б.И., Х.И. и Ј.И., сите од гостиварско Здуње, од една страна и Р.С.(52), Б.Е., М.С. и Ј.С., сите од Гостивар, од друга страна, дошло до физичка пресметка во која Б.И. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Р.С.. Повреденото лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде ѝ подлегнал на повредата. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција“, соопшти полицијата.

Б.И. е изведен пред Судија на претходна постапка и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Покрај ова, три одвоени случаи на физички напади пред или во угостителски објекти во Гостивар се пријавени во изминатите 24 часа, соопшти полицијата.

Сопственик на угостителски објект во градот вчераутро физички го нападнал келнерот кој работел во неговиот локал, 19-годишен жител на градот.

„На 30.07.2022 во 12,25 часот во Полициска станица Гостивар Х.С.(19) од Гостивар пријавил дека околу 08.40 часот во угостителски објект во Гостивар, додека бил на своето работно место, бил физички нападнат од сопственикот на објектот, В.М. од Гостивар“, велат од МВР.

Во друг случај, полицијата информира дека на 31.07.2022 во 04.10 часот во Полициска станица Гостивар Џ.Х.(42) од Гостивар пријавила дека околу 03.30 часот пред угостителски објект во Гостивар била физички нападната од Б.М.

Вчераутро, пак, во гостиварската полиција 27-годишна жена од околината на градот пријавила дека околу 05.00 часот пред угостителски објект во Гостивар била физички нападната од лице со иницијали В.Н.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на сите три случаи.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема рација: МВР, ДПИ и УЈП ги…

Во контроли извршени вчера во златарници Скопје,…

Албанец ја избодел до смрт сопругата бидејќи…

Албанец e осуден на доживотен затвор во…

Србин ја убил сопругата, пукал во зетот…

Маж, за кој швајцарските медиуми јавуваат дека…

Хорор: Мртвиот маж од Кавадарци бил најпрво…

Првичниот наод од обдукцијата врз телото на…

Приведени дрвокрадци во Тетово и Гостивар

Вчера  во 19 часот и 30 минути,…