Хорор во Италија: Групно силувано 13-годишно девојче, го терале момчето да ги гледа

t

Полицијата на сицилијанскиот град Катанија денеска соопшти дека 13-годишното девојче, кое во четвртокот беше жртва на групно силување, идентификувало двајца малолетни напаѓачи.

Идентификацијата е направена откако се построиле седуммина осомничени, сите Египќани, додава полицијата.

Од друга страна, девојчето не успеало да ги идентификува преостанатите петмина кои наводно биле дел од таа група, тврдејќи дека не им ги гледала лицата и не сакала да обвинува невини луѓе, пренесува Анса.

Нив ги идентификувало 17-годишното момче на жртвата, кое наводно било принудено да го гледа силувањето додека групата го држела под закана.

Злосторството се случило во паркот на Вила Белини во Катанија, источнен брег на Сицилија, каде што жртвата била силувана од двајца осомничени додека другите гледале. Полицијата додала дека девојчето ги преколнувало силувачите да не ја повредат и да ја пуштат.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во саботата изрази солидарност со девојчето и најави дека државата ќе обезбеди правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Приведен Германец кој пливал до претседателската вила…

Охридската полиција информира за приведен германски турист,…

Директорот на „Шутка“: Осомничените за убиството на…

Новиот директор на затворот „Скопје“ (попознат како…

Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО…

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на…

Внимавајте: Поради присуство на мувла, од пазарот…

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира…