Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО ќе ја истражува причината за смртта
Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа околу 23 часот било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за настапување на смртта.
– На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…
Савески: Еден обвинител работи за тројца, но…
Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови…
Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…
„Сум бил свиња и сакал да ме…
Премиерот Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање…
Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…