Хорор во Хрватска: Мајка на работа однела урина од 3-годишното дете за тест на дрога, резултатот ги згрози сите
Млада 25-годишна жена од Велика Горица се соочува со затворска казна откако нејзиното тригодишно дете завршило со кокаин во организмот. Морничавиот случај бил откриен минатото лето, кога мајката, во обид да прикрие дека користи наркотици, на работното место подметнала урина од сопственото дете за тестирање.
Наместо да се спаси од отказ, тестот покажал присуство на кокаин во урината на детето, по што веднаш била алармирана полицијата. Истрагата утврдила дека жената консумирала дрога во станот во Загреб и ја оставила расфрлана на дофат на детето.
„Инцидентот се случил во јули 2025 година, а случајот бил откриен кога мајката се обидела да измами тест за дрога на работа. Токсиколошките испитувања потврдиле дека и мајката и детето биле позитивни на кокаин“, наведуваат од хрватското обвинителство.
Случајот во полиција прва го пријавила бабата на детето, која стравувала за животот на својата внука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во Хрватска: Мајка на работа однела…
Млада 25-годишна жена од Велика Горица се…
„Ова е златното време на Америка“, рече…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети долг говор…
(Видео) Нова драма во Крива Паланка: Семејство…
Вистинска „вестерн“ приказна денеска се одвиваше во…
Мирен протест утре во Крива Паланка поради…
Во Крива Паланка утре ќе се одржи…
Здружението на јавни обвинтиели со апел: Политички…
Здружението на јавните обвинители апелира до сите…