Хорор во Хрватска: Мајка на работа однела урина од 3-годишното дете за тест на дрога, резултатот ги згрози сите

t

Млада 25-годишна жена од Велика Горица се соочува со затворска казна откако нејзиното тригодишно дете завршило со кокаин во организмот. Морничавиот случај бил откриен минатото лето, кога мајката, во обид да прикрие дека користи наркотици, на работното место подметнала урина од сопственото дете за тестирање.

Наместо да се спаси од отказ, тестот покажал присуство на кокаин во урината на детето, по што веднаш била алармирана полицијата. Истрагата утврдила дека жената консумирала дрога во станот во Загреб и ја оставила расфрлана на дофат на детето.

„Инцидентот се случил во јули 2025 година, а случајот бил откриен кога мајката се обидела да измами тест за дрога на работа. Токсиколошките испитувања потврдиле дека и мајката и детето биле позитивни на кокаин“, наведуваат од хрватското обвинителство.

Случајот во полиција прва го пријавила бабата на детето, која стравувала за животот на својата внука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко си го тепал малото дете, мајката…

На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…

Раперот Дон Џони, кој сними спот во…

Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…

Маж приведен на ГП „Блаце“

На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…

Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец

Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа

Македонија се најде меѓу европските пазари со…