ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар од Прилеп: Убиецот имал список со 10 деца кои требало да ги убие!

t

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот син заврши во црната земја оти тие што требаше да преземат соодветни мерки против тој што го уби, не презедоа апсолутно ништо.

Тоа дете-убиец требаше да се лекува, а не слободно да шета наоружан со ножеви и да убива по напишан список“, обвинува мајката на 14-годишниот Александар Димов, во чиј дом веќе неколку дена се слуша само лелекањето и плачот. Скршени од болка и тага, и се уште во голем шок и неверување за огромната трагедија што ги снајде, семејството Димови, никако не успева да се помири со загубата на своето чедо.

Таткото Тоше сите овие денови или е на гробишта, или е во Итната помош, вели ќе му пукне срцето од жал, а двете помали братчиња и сестричката на Алекснадар, несвесни што се случува, само немо гледаат во фотографијата од својот најголем брат. Мајката Маријана пак, вели дека се држи, но како, само душата и’ знае, a таа – силно и’ крвари.

„Уште сум во шок јас. Како мајка не можам да се помирам дека ми го нема повеќе детето. Еднаш се скарале на продавница, сакал со пивско шише да го удри, само едно другарче го тргнало и така го спасило. И сега, некни му рекол – дојди Прилеп да се видиме. Не можеше тука да го стори убиството, му направи стапица во Прилеп.

Го планирал овој убиството. Правда, да не излезе од затвор, никогаш да не излезе, само правда барам, оти ако го пуштат, тој и други деца ќе отепа, оти си имал список, си планирал, список си имал со 10 деца да отепа“, – низ солзи раскажува Маријана Димова, мајка на убиениот Александар Димов.

Целата сторија проследете ја на Алфа ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепските пожарникари спасија куче коешто било потиснато…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Наезда на змии во Скопје и Прилеп:…

Во ЦУК, на Единствениот повикувачки број за…

(Видео) Нови протести против работата на Бехтел…

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина…

(Видео) Протест во Прилеп против работењето на…

Вчера во атарот на прилепското село Оревоец…

Почина и мајката на осомничениот за убиството…

Во Злот денеска починала Светлана Драгијевиќ, мајката…