Хрватски градоначалник и синовите се скарале со возач, удирале по колата во која имало и бебе
Хрватската полиција уапси градоначалник кој е осомничен дека со своите синови нападнал автомобил во кој се наоѓале 31-годишен маж и бебе, објави „Јутарњи лист“.
Инцидентот се случил вчера, а градоначалникот на општината Свети Иван Жабно, Ненад Бошњак, и неговите синови, се обвинети дека го нарушиле јавниот ред и мир со викање и со удирање по возилото.
„Вчера, 4 август, во попладневните часови во Свети Иван Жабно, тројца мажи на возраст од 58, 27 и од 23 години, поради претходни меѓусебни несогласувања, му пришле на запрен автомобил во кој се наоѓале 31-годишен маж и дете и удирале по возилото“, се наведува во соопштението.
Истражителите се сомневаат дека 58-годишниот Бошњак за време на инцидентот му упатувал и смртни закани на возачот.
„Поради сомнение за сторено кривично дело ‘закана’, против осомничениот е поднесен посебен извештај до надлежното државно обвинителство, а тој е предаден на притворскиот надзорник“, се додава во соопштението.
На сите тројца мажи им е забрането да му се приближуваат и да контактираат со 31-годишниот маж.
Полицијата привремено им го одзела оружјето на Бошњак и на 27-годишниот син.
Надлежните ја продолжуваат истрагата за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватски градоначалник и синовите се скарале со…
Хрватската полиција уапси градоначалник кој е осомничен…
Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева –…
Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва присуствуваше…
Утре сончево и многу топло со температура…
Времето утре ќе биде сончево и многу…
Макрон ги осудува новите руски напади врз…
Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди денес…
Пекол во Србија: Изгоре маж во еден…
Помошникот министер и раководител на Секторот за…