Царина со зајакнати контроли на Охридското езеро

t

Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, најави интензивни теренски контроли на Охридското Езеро. Фокусот на инспекторите ќе биде насочен кон проверка на царинскиот статус на сите пловни објекти и доследно почитување на царинските прописи.

Од Царинската управа упатуваат апел до сите сопственици и корисници на пловила кои досега ги немаат регулирано потребните царински постапки, тоа да го сторат во најкус можен рок за да избегнат санкции.

Ригорозни мерки: Конфискација и привремено задржување на пловилата

За сите кои нема да ги испочитаат законските обврски, предвидени се строги законски мерки:

-Задржување на нерегулираните пловила: Сите пловни објекти затекнати со нерегулиран статус ќе бидат привремено одземени и задржани сѐ до целосно исполнување на царинските давачки и соодветните законски овластувања.
-Контрола на нерезиденти (Привремен увоз): Под посебна лупа ќе бидат пловните објекти на странски државјани (нерезиденти) со дозвола за привремен увоз. По истекот на дозволата, пловилата мора или да го напуштат царинското подрачје на Македонија или за нив да се спроведе соодветна царинска процедура.
-Проверка на правото на управување: Инспекторите ќе контролираат и дали со пловилата управуваат исклучиво лица кои поседуваат соодветни дозволи и законски права за тоа.

„Продолжуваме со редовни контролни активности со цел обезбедување доследна примена на прописите за привремен престој и користење на странски пловни средства. Ги повикуваме македонските и странските државјани навремено да ги усогласат сите документации за своите пловила“, порачуваат од Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина со зајакнати контроли на Охридското езеро

Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи…

(Видео) Хорор пред Акропол: Маж нападна туристи…

Утрово во 8:03 часот, на јужниот влез…

Вучиќ ги нарече студентите „паразити“, тие му…

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече потенцијалните…

Нема промена во клиничката слика: Прегледани 198…

Во Општата болница во Гостивар во изминатото…

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни…

Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше…