Објавено на:

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

t

Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто.

Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната.

Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени камери со вештачка интелигенција на дроновите на националните и главните патишта во земјата како дел од иницијативата за безбедност „Безбеден град“ (Smart City).

Toj апелираше на строго почитување на сообраќајните правила и прописи и рече дека постапките на возачите, кои го попречуваат движењето на албанските граѓани и ги блокираат патиштата ќе бидат санкционирани.

Неприфатливо е поради неодговорните постапки на некои поединци, да страдаат други кои избираат да ги почитуваат граѓанските норми и сообраќајниот правилник. Правилата се еднакви и мора да ги почитувате сите без никаков исклучок или разлика, вели Ламалари во видеопорака.

Тој истакна  дека повеќе „нема да се толерираат однесувања што го попречуваат слободното движење на граѓаните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни…

Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше…

(Видео) Зеленски се соочува со голема криза,…

Претседателот Володимир Зеленски се соочува со една…

Како ли ја запалил колата: Уапсен возач…

Полицијата во Делчево уапси возач од беровско,…

Гиновска: ЈП „Комуналец“ немал никаква дозвола да…

Дивиот приклучок поставен на водоснабдителниот систем во…

Државната ревизија откри неправилности во работењето на…

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе…