Цело МВР е „кренато на нозе“: Обиен полициски магацин и украдени се околу 50 разни бомби и друга запленета опрема

t

Во Охрид, во Полициска станица на Граничната полиција при Регионален центар Запад вчера попладнето обиен е магацин и извршена е кражба на околу 50-ина разни бомби и друга запленета опрема, неофицијално дознава Нетпрес од полициски извори.

Интересно е што според истите извори, во првичните изјави никој ниту видел, ниту слушнал нешто сомнително, иако сѐ се одвивало непосредно до полициската станица.

Изворите на Нетпрес наведуваат дека целото Министерство за внатрешни работи е „кренато на нозе“.

Утрово, според најавите, ќе се врши увид и ќе се утврдува што точно е изнесено од полицискиот магацин.

Извори од охрдиската полиција велат деја ека воопшто не се вршело обезбедување на магацините, и дека тоа било со аминување на Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет девојчиња биле допирани по телото од…

Малолетнички биле допирани по телото на плоштадот…

Карактеристики на нарцистички политичар кој избегнува одговорност…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски: Нарцистички…

Пожар во зграда во Струга, оштетени повеќе…

На 21.03.2025 во 16.05  часот, во ОВР…

Трансплантација на кожа добија шест пациенти од…

На Универзитетската клиника за хируршки болести во…

ЗА ШТО ДА МОЛЧАМ?! Молчењето го креираше…

*Објава на Фејсбук на Игор Смилев: За…